• PDF

ИСТАНБУЛ

happy-new-year-ornament-2560x1600-wallpaper
Авион|179
 
 

ИСТАНБУЛ НОВА ГОДИНА - СО АВИОН

3 ДЕНА 2 НОЌИ

 

Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила, град кој фасцинира. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие-улици полни со весели и насмеани луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија

Ден 1 30.12.2017 (Сабота)

Состанок на групата на аеродром Александар Велики два часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 08:55 со бр. на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 12:30 и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел.  Факултативна посета на најубавата султанска палата со непроценливо богатство, Палатата Долма Бахче Сарај со стручен водич. Факултативно крстарење со брод по Босфор, со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Враќање во хотел или слободна вечер за шопинг и прошетка на познатата улица Истиклал на Таксим, или посета на трговскиот центар Џевахир. Ноќевање.

Ден 2 31.12.2017 (Недела)

Појадок. По појадокот организиран панорамски разглед на градот со стручен водич: Лалели Џамија, Јени Џамија, Бејазит Кула, Златен Рог, Валенсов Аквадукт, Таксим, Сулејманија, Хиподром. Посета и влез во локалитетите: Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела – сегашниот изглед на Палатата датира од времето на Сулејман Величествениот; Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, Црквата Аја Софија, подоцна пренаменета во џамија, а денес работи како музеј. Враќање во хотел или Предлог: шопинг во Капали Чаршија, една од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 1200 улици. ФАКУЛТАТИВНО – ДОЧЕК НА НОВА 2018 во национален ресторан со свечена вечера, неограничен пијалок и ориентална програма со музика и танчерки или дочек на отворено во монденскиот дел на Истанбул-Ортакој познат како Истанбулски Монмартр. Ноќевање.

Ден 3 01.01.2018 (Понеделник)

Појадок. Одјавување од хотел до 12:00. Факултативна посета на трговскиот центар Sapphire сместен во највисоката зграда во Европа (236 м) од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на Истанбул. Виртуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D кино. (надлетување на најзначајните историски обележја: Аја Софија, Топ Капи, Моминската кула, Босфор, Цистерната, Галата мостот...) Организиран трансфер од хотел до аеродром околу 17:00. Полетување за Скопје во 20:15 со бр. на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:45.

 

Цена: 179 еур / 11.060 мкд
за резервација до 30.11.2017

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

v  Авио билет: Скопје-Истанбул-Скопје

v  Организиран трансфер:аеродром-хотел-аеродром

v  2 ноќевања со појадок во хотел 3*

v  Организиран целодневен разглед  со локален  водич

v  Организација  на патувањето

 

Во цената не се вклучени следниве услуги:

v  Аеродромски такси 102 еур – 6.304 мкд

v  Дочек на Новата Година во национален ресторан со ориентална програма

v  Крстарење по Босфор (20 еур со превоз и водич)

v  Посета на Палатата Долма Бахче (30 еур со вклучена влезница, превоз и водич)

v  Посета на највисоката зграда во Европа Сафир Сеир терасата 10 еур

v  Влезница  за  Сеир терасата и 4 Д кино

v  Влезници за посета на локалитетите со водич: Аја Софија (15 еур) и Топ Капи (15 еур)

v  Патничко и здравствено одигурување 185 мкд

 

Важна напомена

v  Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8 мкд)

v  За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 120 дена од денот на патувањето

v  Краен рок за пријавување 15.12.2017

v  Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување

v  За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување

v  Програмата е лекторирана од лектор Ана Бачваровска

v  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници

v  За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А. Метрополитен Травел и СКТМ

 

 

 

You are here

НАШИТЕ ПОНУДИ НА ВАШИОТ ЕМАИЛ

Visa-MasterCard-American-expressSTB-Flaer-Baner

ПЛАЌАЊЕ ДО 6 РАТИ БЕЗ КАМАТА !!

најава

  • Адреса: Даме Груев 7 - Градски зид
  • Тел: (++ 389) 2 3 222 437
  • Website: www.metropoliten.com.mk

Add me to Skype