• PDF

8ми Декември

8mi dekemvri first minute-04
ИСТАНБУЛ 

 ТЕРМИН: 07 Декември

 

Nova Godina 2008 6 dena1 ден 07.12.2017  СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

 

Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски  во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.    

 

2 ден 08.12.2017  ИСТАНБУЛ

 

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.

 

Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), кратка прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на  ФК Бешикташ,  Долма Бахче Сарајот. Сместување во хотел. Слободно попладне. Потоа факултативно заминуваме во ноќен клуб  со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 09.12.2017   ИСТАНБУЛ 

 

Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство(факултативно): со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Излетот е факултативен. Вечерта факултативно ве носиме на Азиската страна на Истанбул. Ќе го видите најголемиот и  најпознат мост во Истанбул, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско. Го посетуваме најубавиот дел дел од градот - Бејлербеи каде ќе имате можност да се прошетате и да пиете кафе и вечерате покрај Босфор. Потоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан. Враќање во хотел.  Ноќевање.

 

4 ден 10.12.2017  СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ  

 

Султански Истанбул + крстарење по Босфор

 

Појадок. Организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. Потоа заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии... 

 

За крај , ве водиме во голем шопинг центар ФОРУМ. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.

 

5 ден 11.12.2017 СКОПЈЕ

 

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 10 НОЕМВРИ: 89 € / 5.520 ден 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  99 € / 6.140  ден

Цената вклучува:

* Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул - Скопје

* Сместување во хотел 3*  / 2 НП

* Пратител на програмата

Цената не вклучува:

* Факултативни Излети:

* панорамско разгледување на градот со автобус – 10 евра

* Крстарење по Босфор – 15 евра

* Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата и влезница        во харемот – 35 евра

* Отомански - Византиски Истанбул: превоз со автобус и локален водич – 10 евра

* Влезници за  музеите: 

* Топ Капи – 15 евра

* Аја Софија (влезница и аудио опрема) – 15 евра

* Харемот во Топ Капи – 10 евра

* Посета на Азија со автобус и водич – 15 евра

* Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци – 30 евра

* Патничко осигурување 160 мкд

*** За реализација на програмата потребни се минимум 45 особи

*** Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари  

 
 
 
You are here

НАШИТЕ ПОНУДИ НА ВАШИОТ ЕМАИЛ

Visa-MasterCard-American-expressSTB-Flaer-Baner

ПЛАЌАЊЕ ДО 6 РАТИ БЕЗ КАМАТА !!

најава

  • Адреса: Даме Груев 7 - Градски зид
  • Тел: (++ 389) 2 3 222 437
  • Website: www.metropoliten.com.mk

Add me to Skype